08/06/2025

Синдикалната кошничка во декември изнесувала 51.235 денари

51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка за четиричлено семејство биле потребни во месец декември.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.

-Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираат од ССМ.

Споделете