09/06/2025

4000 жртви годишно од загадениот воздух во Македонија

175299-dead-body

Со недели Скопје е на листата на најзагадено градови во Светот. Скопјани дишат токсичен воздух кој сериозно ги загрозува нивото  здравје и животи, а се чини дека решение на овој проблем нема.

Аерозагадувањето годишно зема и над 4000 човечки живот, смрт која може се спречи. Нови мерки од надлежните нема, а граѓаните губат надеж дека ќе биде подобро, објави РСЕ.

Загадениот воздух, пред се во главниот град каде има најголема концентрација на домови и жители, не е новина годинава. Проблемот се влече со години, но освен бледи мерки и гласност од партиите кога се во опозиција, нема долгорочно решение за него. Сепак последиците се загрижувачки.

Како што појаснува Мирјана Димовска, од Институтот за јавно здравје, од сите луѓе што починале, за 20% причина бил загадениот воздух. Тоа се во просек околу 4000 животи годишно.

„Тоа се превентабилни смртни случаи. Значи сме можеле со сериозни и конзистентни мерки да ги спречиме. Ние, здравството, не сакаме да бидеме само бројачи колку луѓе починале и колку се препишуваат на загадениот воздух. За нешто што се превенира, дали со вакцина дали со конзистентни мерки во сите сектори, треба да ја сведеме таа бројка на што е можно помала, и до нула, како крајна цел“, децидна е докторката.

Таа со години го следи аерозагадувањето и смртноста во земјава. Нејзината последна студија, за перидот 2019-2021 година, покажала дека проценетата смртност од загадувањето на амбиентниот воздух во земјава се движи од 3.828 до 4.175 животи. Во овие три години има мал пад на загадувањето со ПМ 2,5 честоци, кои се многу опасни, ама се појави Ковид пандемијата која влијаеше врз раст на смртноста на македонското население.

Во меѓувреме изостанаа реакциите властите во овој бран на аерозагадување, во ек на новогодишни и божиќни празници. Последниот масовен протест се случи во 2017 година. На протестот пред Владата, на граѓаните и активистите им се придружија и министрите и пратеници од власта на СДСМ кои извикуваа „Сакаме воздух”. 2017-та, беше годината кога по една деценија власт, партијата ВМРО ДПМНЕ замина во опозиција. Шест години подоцна, граѓаните на Скопје дишат отровен воздух, а главниот град е на врвот на листата градови на апликациите кои ја рангираат загаденоста на воздухот.

Споделете