07/06/2025

Направена најголемата пита во Велес

311239826_185581850649500_3608011478996761325_n

Започнувајќи во петокот на 7. октомври и завршувајќи денес, во Велес се одржа Велешката Питијада- фестивал на храна и вино.

На питијадата освен со храна и вино, се ужуваше и во одличната музичка програма за што беа задолжени Миле Кузмановски, Нокаут, ДНК, Каролина Гочева, Дајте Музика, Љубојна, Фолтин и други.

Но, направена беше и најголемата пита-пастрмајлија, долга 4 метри. За да се направи оваа пастрмајлија потребни биле повеќе од 2,5 часа, 30кг месо, 20кг брашно, 210 јајца, 500 грама свинска маст.

За ова ремек дело биле задолжени пекарите Александар Миладиновски, Орце Димовски и Лазе Гогинов

Од велешката рекордерска пита пробале повеќе од 300 гости на Питијада 2022.

За наредната година мајсторите најавиле дека ќе направат пита долга 4,20 местри.

Споделете

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *