МВР: Санкциониран возач со 4.14 промили алкохол

Од Министерството за внатрешни работи објавија дека во текот на изминатата ноќ, при рутинска контрола во Скопје бил запрен возач кај кого биле измерени неверојатни 4,14 промили алкохол.

Во текот на изминатата вечер (08/09.10.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата на еден од санкционираните возачи во општина Илинден му биле измерени 4.14 промили алкохол во организмот.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.