08/06/2025

Најавена реконструкција на аеродромот Св. Апостол Павле

Нова административна зграда, реконструкција и адаптација постојниот терминал на аеродромот „Св Апостол Павле “ во Охрид . Со средства од концесијата која ја плати на државата операторот на двата аеродроми ТАВ Македонија,  за прв пат целосно ќе се реконструира терминалната зграда на аеродромот откако е изграден.  За оваа потреба ќе се одвојат 2,7 милиони евра, а ќе се обезбедат подобри услови за патниците и привлекување повеќе патници од аеродромот. Аеродромот треба да заврши до март 2026 година

Предвидена e нова административна зграда со површина од 250 м2, нов канцелариски простор со површина од 120 м2, помошни простории-130 м2, нов наменски простор за обезбедување на аеродромската зграда, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2 000 м2 на двете нивоа, целосно нов сообраќаен режим на постојниот паркинг. Ова ќе биде прво реконструирање на Охридскиот аеродром откако истиот е изграден, зборувам за терминалната зграда. Ќе значи подобри услови за патниците и многу повеќе патници. Очекуваме до март 2026 година да се заврши проектот, посочи Николоски.

Намерата на владата е да продолжува да вложува во крупни инвестиции кои ќе ја движат економијата и ќе го зголемат Бруто домашниот производ

Грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите кои ќе ги изгради и ресурсите кои ќе ги стави на располагање.  Се на се, ова се крупни инвестиции и зафати за објекти кои се од суштинско значење за нашата држава. Посветено продолжуваме да решаваме проблеми, да создаваме додадена вредност и да се бориме за подобар живот на граѓаните, рече Премиерот,.

Планот на министерството за транспорт е охридскиот аеродром е да биде подобар од аеродромите во регионот кои се со ист капацитет. Од 27 март „Туркиш Ерлајнс“ ќе стартува со редовни линии за Истанбул , што Охрид ќе го впише на мапата на светски дестинации, што досега не било можно оти аеродромот до изборот на новата Влада немал целосно стаус на меѓународен аеродром

Она што е едно од клучните прашања за развој на туризмот и економијата во охридскиот регион е подобрување на инфраструктурата. Од Владата засилено работат на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Кој треба да биде готови до крајот на следната година, а првите 40 километри да бидат пуштени во употреба до старотот на летната сезона. Проектот кој моментално го имаат во министерството е неопходно да претрпи законски измени поради објекти кои се наоѓаат на трасата и неможат да бидат експроприирани  и измените треба да поминат на владина седница.  Со изградбата на Кичево – Охрид и завршувањето на делот од Тетово до Гостивар како и изградбата на автопатот од Кичево до Букојчани од Охрид до Скопје ќе се патува за час и половина .

Споделете