Стоилковски: Наместо нова платформа од Тирана, потребна е македонска платформа за предвремени избори

Прашање е дали таму во Тирана ќе се збори и Али Ахмети ќе ја објаснува нивната зелена агенда или ќе се вратат од таму и ќе му се стави на маса некоја нова платформа на неговиот помошник Димитар Ковачевски,изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Стоилковски посочи дека нема друго што би се зборувало во Тирана во однос за македонските прашања а само СДСМ да нема никаков проблем со тоа, ниту некаква реакција зошто за прашањата кои се однесуваат за Македонија претседатели на политички партии од Македонија одат на консултации во Тирана.
„Единствен договор и платформа која треба да е направена помеѓу партиите во Македонија е договор за обединување против криминалот и корупцијата со договор за предвремени парламентарни избори некаде во мај“, вели Стоилковски.
Стоилковски потенцираше дека Али Ахмети ќе дојде од Тирана и ќе му ги стави на маса на неговиот послушник Димитар Ковачевски она што треба да го исполни од Тирана во однос на бизнис интересите и релациите.
„Она што го прави Али Ахмети е јасно дека има две машни вратоврски во своите раце едната е на Димитар Ковачевски кој му ги исполнува нивните бизнис желби и апетити на ДУИ како партија да стане помоќна, а втората машна е онаа на Димче Апасиев кој мора да глуми патриот со даден залак за заедно да функционираат низ општините во Македонија против добробит на граѓаните“, каза Стоилковски.