09/06/2025

Ново намалување на цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 1.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,027%, кај дизелот за 4,547%, кај екстра лесното масло за 3,844%  и кај мазутот зголемување за 0,892%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,018%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС  не се менуваат.

Од 4.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС   41,346 (денари/килограм)

Споделете