08/06/2025

Дојави за бомби во скопски училишта. Први во 2023 година

Осум училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби дознава 24 инфо.

Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на осум училишта и тоа Јосип Броз – Тито, Раде Јовчевски Корчагин, Панче Арсовски, Михајло Пупин, Никола Карев, Арсеније Јовков, Орце Николов и Владо Тасевски во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Споделете