08/06/2025

Силувана малолетничка во Кочани

37-годишен жител на Кочани е осомничен дека силувал малолетничка од истиот град, полицијата го привела на распит.

Вчера во 19.00 часот во Кочани, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршиле службен разговор со О.Х.(37) од Кочани, поради основано сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Кочани, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Споделете