Соопштение на МВР во врска со инцидентот на Кораб

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Секторот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на Рeпублика Македонија, велат од МВР.
Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.