08/06/2025

Амбасадорот во Тирана повикан на итни консултации во Скопје – Средбa со министерот Тимчо Муцунски се очекува неделава

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска соопшти дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации.

„Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението од МНР.

Споделете