09/06/2025

Седници на три комисии закажани во Собранието


Денеска во Собранието се закажани седници на три комисии: Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт, и Законодавно-правната комисија.

Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлози-закони за помилување, за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, и за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе разгледаат Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Предлог-законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, исто така во второ читање.

Законите што се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за образование, наука и спорт треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија.

Споделете