08/06/2025

Блинкен изрази оптимизам за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас пред неговата претстојна посета на Блискиот Исток


На прес-конференцијата во Филипините, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен изрази оптимизам за постигнување на договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и за ослободување на заложниците земени во нападот на еврејската држава на 7 октомври, пренесуваат британските медиуми.

Ова се случува пред неговата претстојната турнеја на Блискиот Исток, од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

-Ќе разговарам за „вистинската архитектура за траен регионален мир“, рече тој по повод претстојните посети на Саудиска Арабија и Египет.

Блинкен истакна дека сите 100% од населението на Појасот Газа се во критична состојба кога станува збор за безбедност во храната.

Преговорите за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците, кои беа држани од страна на Хамас, започнаа вчера во Доха, како што известува ДПА.


Директорот на израелската странска разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барнеа, пристигна во главниот град на Катар за средби со посредниците.

Стејт департментот соопшти дека оваа недела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе го посети Блискиот Исток. Ова е дел од напорите на Вашингтон за посредување за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа, со цел ослободување на заложниците земени од палестинската милитантна група.

-Блинкен ќе ги посети Саудиска Арабија и Египет и ќе се сретне со високи претставници од двете земји, соопшти Стејт департментот.


Саудискиот и египетскиот функционер ќе разговараат за обезбедување на поголема хуманитарна помош за Газа, како и за разговорот за плановите за подобрување на состојбата во енклавата.

Блинкен присуствува на самитот за демократија во Јужна Кореја и ќе се сретне со министерот за надворешни работи и со претседателот на Филипините подоцна денеска.

Споделете