09/06/2025

Состојба на патиштата за ден 19.03.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива главно непречено, пo наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на магистралниот пат А2 Крива Паланка – г.п. Деве Баир поради работи на патот и позачестени одрони крајно внимателно да управуваат со возилата за своја и општа безбедност.

На одредени места е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола е во прекин поради сообраќајна незгода, а истиот се пренасочува со соодветна синглаизација.

Споделете