Лидија Тасевска: Сликата на Силјановска со Ковачев потврда за соработката на македонското и бугарското ВМРО

Она што го нудат ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска Давкова е враќање назад во изолација и мрачно минато. Овие денови граѓаните може да видат дека ВМРО-ДПМНЕ ги врати на сцена насилниците од 27 април и тоа токму на промоцијата на Гордана Силјановска Давкова. Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо добро.
Давкова во македонското Собрание ги спроведуваше политиките на ВМРО-ДПМНЕ за блокади и кочење на економските мерки но и на европскиот пат на државата. Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, посочи на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и додава:
-Гледаме и нејзини фотографии со негаторот на македонскиот јазик, идентитет, култура, Андреј Ковачев.
Силјановска гордо стои со Ковачев, кој не негира како народ. Граѓаните очекуваат одговори од Силјановска.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува. Единствено што нудат ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.
ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе никаква промена ниту нешто добро за Македонија, за македонскиот народ, може само да им наштети на националните интерси и на европскиот пат.
Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.
Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.