09/06/2025

Талат Џафери: На граѓаните никој не им е крив што не се пријавиле за пасош

Повторно на политичарите граѓаните им се криви поради настанатата ситуација кои тие „мораат“ да ја решат. Техничкиот дополнителен премиер (или алтернативен ако така милувате) не е ништо поразличен од дузина политичари кои сега припаѓаат на заборавеното минато прогласувајќи го народот за виновен за актуелните состојби! Претпоставката е дека на ваков пат се решил по објавеното скандалозно видео каде тој напаѓа државни службеници!

Статистиките кои ги побарал техничкиот премиер Талат Џафери говорат дека за еден месец, односно во февруари имало 123.983 барања за пасоши, од кои изготвени се над 95 илјади. Лични карти побарале 82.235 граѓани, а изготвени се на 71.410 граѓани.

„Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите, со оваа динамика, стоте илјади кои се вртат како информации дека немаат документ, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветен документ. Но, иницијално е граѓанинот да иницира барање за да има документ. За да имате документ, треба вие да побарате, рече тој.

Додаде дека сега дојдовме во ситуација граѓани да немаат лични документи.

Не сакам да зборам хипотетички што и како ќе правам, туку откако ќе направам, ќе бидете информирани сите, меѓутоа основно е институцијата да си ја врши работата, а не да се правда. Имам право да одам во секоја канцеларија под владата, тоа право ми следува по хиерархија“, кажа Џафери.

Споделете