08/06/2025

Стефчо Јакимовски: Се школував за политичар во Титово време, подготвен сум за претседател на Македонија

Во минатото, вели, бил многу попопуларен од она што е сега, но досега не се кандидирал за претседател на државата оти сметал дека не бил подготвен. „Сега сум“, порача кандидатот за македонски претседател на политичката партија ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Резултатите што ги имам зад себе, не само во делот на политиката на извршување на јавни функции, туку и како менаџер на претпријатието што го водев, а беше меѓу првите 200 мали претпријатија во Македонија, искуството, едукацијата и моето школување за политичар во Титово време. Имаше периоди во кои бев многу популарен од ова што сум сега, меѓутоа не сум се кандидирал за претседателската функција, бидејќи сметав дека не бев подготвен. Сега сметам дека сум подготвен да ја извршувам највисоката државна функција“, истакна Јакимовски.

ГРОМ, партијата на Јакимовски се подели внатрешно околу самата делба на колачот од локалната власт стекната во времето на коалицирањето на истата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Главната фракција, предводена од Јакимовски, има крефко мнозинство во советот на општина Карпош кое се чини секојдневно се поднамалува за советник.

Неодамна без партија остана претседателот на советот Ристов.

Останатите фракции меѓу кои онаа на екс заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Преџов, актуелен пратеник од ГРОМ, останаа лојални на коалициониот пратнер ВМРО-ДПМНЕ.

Во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ Јакимовски освои 18 000 гласа на локалните избори за градоначалник во 2021 година.

Дали се реални шансите таа бројка да се надмине во овој изборен процес?

Споделете