08/06/2025

Националноста нема да се впишува во матичните книги, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска го укина Упатството за водење на матичните книги кое предвидуваше при вадење документи од матичните книги граѓаните да се изјаснат на која националност и припаѓаат.

Со укинувањето на ова Упатство во иднина граѓаните нема да мораат да се изјаснат како се чувствуваат односно во документите од матичните книги нема да пишува на која националност ѝ припаѓаат.

Упатството за водење на матичните книги во кое се предвидуваше изразување на националната припадност при вадење документи од матичните книги го потпиша министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај 2023 година. Во образложението за таквата одлука пишуваше дека со Упатството, Министерството за правда сака дастави крај на проблемотсо лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

Споделете