08/06/2025

Нина Попадинова во Дамла подкаст: Со менталната аритметика се развиваат двете мозочни хемисфери

Во последната епизода на Дамла подкастот госитн беше Нина Попадинова, мастер наставник по ментална аритметика во училиштето „Малац Генијалац“ во Скопје.

Менталната аритметика е јапонска наука за развој на здрав детски мозок, односно невролошки и психолошки нашиот мозок се развива од четвртата до дванаесеттата година и во тој период се создаваат нервни синапси, односно доколу во вистинско време и на вистинси начин го насочиме мозокот можеме да влијаеме на фокусот, концентрација, покачување на меморијата и на развојот на двете мозочни хемисфери, вели Попадинова.

Часовите по ментална аритметика на децата им поминуваат во игра и преку забава за да им се задржи вниманието кон тоа што им се објаснува на часот. Многу е битно да се знае што самото дете сака, бидејќи нема две исти дечиња, па мора со секое дете посебно да се работи и да се посвети внимание за да се мотивира секое дете. Многу е битно наставниците и родителите да не си поставуваат граници во однос на учењето ментална аритметика бидејќи со доволно работа нема нешто што не може да го постигне детето на часовите, дополнува Нина Попадинова.

Целата епизода може да ја погледнете на следниот линк:

Споделете