08/06/2025

Во учебник по природни науки се најде илустрација на српски јазик

Децата од основно образование треба од неа да го научат водениот циклус односно кружното движење на водата. За ова реагираше родител, кој го објави учебникот јавно.

„Илустрација од учебникот природни науки за шесто одделение. Го негуваме македонскиот јазик. Техничка грешка што би рекол министерот. Абе само да се мрчело!“, напиша родителот.

Дел од термините во учебникот се: „Стварање водених талога (киша, снег)“, „Испаравање“, „Транспирација“, „Подземне воде“.

И ова не е првпат да има грешки во македонските учебници. Во учебник за математика стои „збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени“.

Споделете