Општина Кисела Вода co законска постапка против дивоградба (ВИДЕО)

Утринава градончалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на својата Фејсбук страница објави видео од рушење на дивоградба при што се постапува по закон!
„Нулта толеранција за дивоградби!
Со рушењето на оваа дивоградба ги градиме темелите на правната држава.
Законот мора да се почитува, а во Кисела Вода важи и ќе важи подеднакво за сите.
Нема повластени ниту заштитени, во нашата општина има простор за сите, но само чесно и согласно Законот. Никако на сила! Лошите навики од минатото остануваат таму, а иднината ја градиме заедно со мојот народ“ напиша Ѓоргиевски.