Ќе остане ли Скопје повторно без градски превоз?

Повторно доцнат платите во ЈСП „Скопје“. Ако денеска не легнат парите на сметките на вработените после 15.30 часот, можно е утре повторно главниот град да остане без градски автобуси.
„Плусинфо“ од свои извори во јавното претпријатие доби информација дека платите ќе доцат. Советот на Град Скопје минатиот месец ги изгласа субвенциите за ЈСП „Скопје“, а на вработените им беше кажано дека повеќе нема потреба да се грижат во следните месеци.
Во минатото платата ја добивавме максимум до 5-ти во месецот, но сега не е така. Декемвриската плата. како што знаете, ни беше исплатена дури на 24-ти, а претходно беше исто по законскиот рок на 17-ти декември, вели нивниот извор.