СДСМ: Хаосот во Скопје е пример што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт

Кога BMPO-ДПМНЕ ќе добие власт се случува хаос, а потврда за тоа се случувањата во Скопје, велат од СДСМ.
„Локалната власт на BMPO-ДПМНЕ во Скопје буквално го уништи јавниот превоз во градот, иако на граѓаните се уште им се свежи сеќавањата за бесплатен јавен превоз, нови 250 еколошки автобуси, фабрика за автобуси и слични погазени ветувања. Граѓаните на Скопје веќе не знаат кој ден ЈСП работи а кој не работи, не знаат дали може да користат јавен превоз и со автобус да стигнат до своето работно место, училиште, факултет, на лекар, на пазар, до своето одредиште или не. BMPO-ДПМНЕ само заради политички хирови го блокираше проектот за нов и еколошки јавен транспорт БРТ, го уништи ЈСП Скопје и тоа не само јавното сообраќајно претпријатие, туку и останатите јавни претпријатија се гушат во долгови и нефункционалност“, додаваат од СДСМ.
Како што велат, ветувале модерно Скопје, а создале хаотичен, нечист град.
„Така BMPO-ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси“, завршуваат од СДСМ.