09/06/2025

Јaвно Обвинителство: Гани Марку е во ефективен притвор

Од скопското обвинителство информираат дека не се точни пишувањата оти осомничниот за убиствата на Јетон Кривањева- Жила во локалот „Шиша бар“ на Кале и на Орхан Бајрами – Оки летово во Грција, Гани Марку е пуштен на слобода.

Порталот „Радио Лидер“ денес објави документ со одлуката за укинување на мерката притвор на осомничениот за убиствата, Гани Марку.

Од Обвинителството појаснуваат дека за Гани прекинат е притворот во еден предмет поради истек на шест месеци и веднаш определен нов притвор за друг предмет

Споделете