Да помогнеме на семејството Степановски oд Ресен

Почитувани сограѓани!
Деновиве во Ресен се случи немил настан кој што буквално го крена целиот град на нозе и го потресе целото население. Настана пожар и изгоре семејната куќа на нашите сограѓани – фамилија Степановски. Во договор со семејството, упатуваме апел до целото население да се вклучат во оваа акција со цел финансиски да помогнеме во овие тешки моменти на нашите пријатели. Ве замолуваме да ја споделите оваа информација со вашите пријатели и да помогнеме на ова семејство повторно да го изгради својот дом и да го продолжи нормалниот тек на живеење. Овој апел се упатува и до сите институции, фирми, училишта, стоваришта и така натаму, со цел за нивно помасовно вклучување.
Сметка: 210501762076247 Cтепановски Бобан НЛБ Банка А.Д. Скопје
Девизна сметка:
IBAN code: MK07210501762076247
SWIFT: TUTNMK22