Академијата на Алијансата за албанците го поддржа претседателот Арбен Таравари

Изразуваме целосна доверба и безрезервно го поддржуваме лидерот на Алијансата за aлбанците д-р Арбен Таравари на патот што го трасираше за да се направат сигурни промени во албанскиот политички блок – се вели во заедничката изјава за поддршка на претседателот на Алијансата за aлбанците Арбен Таравари, потпишана од 19 членови од Академијата на Алијансата за aлбанците, стратешко-советодавно тело одговорно за изградба на партиските политики, кое брои вкупно 25 члена.
Потписниците во писмото сметаат дека земјата е во сериозна социјална, морална и економска криза и дека главната одговорност и катализатор на оваа криза е Демократската унија за интеграција, која речиси континуирано владее над две децении. Велат дека ваквата состојба не смее и не може да продолжи и дека сега е една прилика која се пружа еднаш во животот за голема политичка промена, сигурна промена.
„Д-р Арбен Таравари е надеж. Се надеваме дека сè уште има политички лидери кои се водат од етички принципи и кои имаат убедување и политичка верба зад кои стојат бескомпромисно. Убедени сме дека д-р Арбен Таравари ќе чекори по вистинскиот пат, по патот што го трасираше Арбен Џафери, и ќе доведе до пресврт на реалноста на aлбанците во Македонија” – се вели во писмото.
Академијата на Алијансата за aлбанците броеше 30 членови, од кои двајца починаа, а тројца претходно го напуштија ова тело.