09/06/2025

Директорот на агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу вечерва бил нападнат

Несогласувањата ескалираат во тепачки, приврзаниците на Арбен Травари посегнаа по насилство откако денеска на прес-конференција поранешниот претседател на Алијанса за албанците, Зијадин Села најави разрешување на Тараври од функцијата претседател на партијата.

Денеска во ресторанот Седра во Тетово, Кенар Османи, близок соработник и подржувач на Арбен Таравари и водач на балистите со тупаници го нападнал Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Дритон Небиу за телевизијата Клан Македонија потврди дека денес имало тепачка во Тетово, каде и самиот тој бил нападнат од Кренар Османи.

– Да, веста е точна, ме нападна Кренар Османи – кратко изјавил Дритон Небиу.

Дритон Небиу по нападот веднаш побарал помош во болницата во Тетово и била известена полиција.

Небиу претходно застана против едностраната одлука на Арбен Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција.

Како што претходно изјавија високи функционери на Алијанса за албанците, Арбен Таравари донел индивидуална одлука, без консултации со партиските органи, да коалицира со албанската опозиција, на која се спротивставуваат партиските ветерани кои инсистираат да се натпреваруваат сами на изборите на 8 мај.

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за албанците, Зијадин Села на конференција за медиуми од партиското седиште во Тетово рече дека е злоупотребена заложбата и потта на луѓето од АА.

– Ја дадовме нашата крв, жртвата и потта на луѓето на кои им веруваме, а денес констатирам дека тоа е злоупотребено. Сакам да бидам транспарентен пред албанците и пред шефовите на ограноците, носејќи им ја пораката, сакам што поскоро да го повикам Централното собрание затоа што доаѓаат избори – рече Села.

Споделете