08/06/2025

Крушум пронајден крај куќата на Таравари

Куршум е пронајден денеска во дворот на лидерот на Алијанса за aлбанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари, потврдуваат за Плусинфо од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Постои сомнение дека куршумот можеби претставува заканувачка порака кон лидерот на Алијанса за aлбанците по последните случувања во партијата“, коментираат блиски извори на Таравари за порталот Ора24.тв.

Како што објавува порталот, полицијата веќе е во домот на Таравари.

Деновиве се случува раскол во партијата откако лидерот јавно објави дека неговата партија треба да се приклучи на опозицискиот блок.

Од друга страна, поранешниот лидер на партијата Зијадин Села, синоќа изјави дека не се согласува со ставот на Таравари.

Тој насилно и со полиција влегол во партијата, а подоцна свика и централно собрание на Алијанса за Албанците на коешто ќе се бара одговорност од Таравари.

Споделете