08/06/2025

Украина соопшти за напредокот на југот и руските напади на истокот на земјата

ФОТО: ЕПА

Украинските сили се спротвставуваат на руските напади на истолниот фронт и се соочуваат со тешкотии во североисточниот дел на земјата, но напредуваат во близина на уништениот град Бахмут и на југ, соопшти Хана Малиар, заменик-министерот за одбрана на Украина.

Руските извештаи за првата линија на фронтот велат дека нивните сили ги одбиле украинските напади во близина на селата околу Бахмут и во јужните области, особено во стратешкиот град Вухледар.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Влодомир Зеленски им додели награди на војниците во пристаништето Одеса и вети дека „непријателот на никој начин нема да ги диктира неговите услови во Црното Море“.

Украинската армија е ангажирана во контраофанзива за ослободување области на истокот и југот на земјата, заземени во руската инвазија пред 16 месеци. Почетното напредување на Украина беше насочено кон обезбедување на повеќе села на југ.

Споделете