09/06/2025

Зеленски: Се плашам дека ќе ја изгубиме поддршката од партиите во САД

Украинскиот претседател Зеленски, изрази стравување дека Киев може да ја изгуби поддршката од двете партии во САД, по, како што наведе, „опасните пораки што доаѓаат од некои републиканци“.

– Мајк Пенс (поранешен потпретседател на САД, оп.а.) нè посети и ја поддржува Украина. Прво како Американец, а потоа како републиканец. Имаме поддршка од двете партии. Сепак, во нивните кругови кружат различни пораки за поддршката за Украина. Некои републиканци испраќаат понекогаш опасни пораки дека поддршката може да биде помала, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев.

Зеленски нагласи дека, без оглед на тоа кој ќе победи на следните претседателски избори во САД, одржувањето на поддршката и од демократите и од републиканците е „најбажната работа за Украина“.

Споделете