09/06/2025

Во првата половина на годинава еврото зајакна во однос на доларот

Курсот на еврото во однос на доларот на светските пазари изминатата недела порасна за речиси 2% во првата половина од годината, како последица на најавата на Европската централна банка за дополнително зголемување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела остана речиси непроменет на ниво од околу 102,90 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на европската валута се намали за 0,2%, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Но, доларот порасна во однос на јапонската валута за 0,4% до 144,30 јени, блиску до највисокото ниво во повеќе од седум месеци.

Џером Пауле, претседателот на американската централна банка изјави дека каматните стапки веројатно ќе продолжат да растат и дека не очекува тие да се намалат оваа година, бидејќи инфлацијата е се уште далеку над целните нивоа.

Официјални претставници од ЕЦБ исто така истакнаа дека каматните стапки ќе треба дополнително да растат и дека се уште не размислуваат за нивно намалување.

Претседателот на ЕЦБ, Кристин Лагард, посочи дека поради упорно високата инфлација не може да го прекинат циклусот на зголемување на каматните стапки.

По повеќе од една година покачување на каматните стапки, тој циклус завршува. Сепак, остануваат прашањата колку повеќе централните банки ќе ги зголемат каматните стапки оваа година, до кои нивоа и колку долго цената на парите ќе остане на овие високи нивоа.

Курсовите на валутите варираат во последните месеци во зависност од тоа какви шпекулации преовладуваат на пазарот во однос на одговорите на овие прашања.

Споделете