Дали Златко Далиќ ќе го напушти селекторското место во Хрватска и ќе се пресели на клупата на Ал Наср?

Италијанскиот новинар за трансфери Руди Галети ја објави оваа информација утринава. Тој наведува дека Ал Наср испратил понуда до Далиќ и дека тој ја разгледува. Далиќ во понеделникот за „ТВ Нова“ изјави дека размислува да продолжи да ја води хрватската селекција.
„Критиките секогаш ќе бидат со нас. Тие се дел од нашиот фолклор. Тие се тука поради некаков интерес на тие други луѓе, но јас сум селектор пет и пол години, никогаш не сум се расправал. Никогаш никому не сум кажал лош збор. Ако згрешив некаде, се извинувам. Ако загубивме, јас преземам одговорност. Отсекогаш сум го правел тоа“, изјави по финалето на Лигата на нации, Златко Далиќ.
Тој има договор со Хрватската фудбалска федерација до крајот на Мундијалот во 2026 година.