09/06/2025

Полициска акција во Организацискиот одбор на ОИ 2024 во Париз

Француската полиција утринава изврши упад во канцелариите на Организацискиот одбор на Олимписките игри во 2024 година во Париз.

Портпаролот на „Париз 2024“ Џонатан Фирпо за „Си-ен-ен“ изјави дека „во моментов е во тек полициски претрес во седиштето на Организацискиот комитет“

– „Париз 2024“ целосно соработува со истражителите за да ги олесни нивните истраги, додаде Фирпо.

Според внатрешната електронска пошта испратена до вработените во комитетот, истрагата ја води француската финансиска полиција.

Олимписките игри следната година треба да започнат на 26 јули и да траат до 11 август, додека параолимписките игри треба да се одржат од 28 август до 8 септември.

Споделете