09/06/2025

Руската армија неутрализирала три дронови околу Москва

Руските власти соопштија дека неутрализирале 3 беспилотни летала во регионот на Москва, од кои два во близина на воена база и за нападот ја обвини Украина.

– Денеска е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни летала на локации во московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека сите беспилотни летала се неутрализирани со системот за електронско војување, изгубиле контрола и се урнале.

Претходно гувернерот на Московската област Андреј Воробјов изјави дека два дрона се урнале рано изутринава додека се приближувале до магацините на воената база лоцирана во селото Калининец, на околу 50 километри југозападно од Москва.

Пронајдени се остатоците од леталата, нема штета или жртви додаде Воробјов и ги повика жителите на смиреност.

Московската област е лоцирана на повеќе од 500 километри од украинската граница ретко е цел на напади со беспилотни летала, иако таквите напади се зголемени на други места во Русија.

На почетокот на мај, два дрона беа соборени на Кремљ во напад за кои Русија ја обвини Украина. Во изминатите месеци, беспилотни летала гаѓаа и воени бази или енергетска инфраструктура на територијата на Русија.

Споделете