08/06/2025

Белорускиот Врховен суд ја потврди 15-годишната затворска казна за Тихановскаја

Врховниот суд на Белорусија вчера ја потврди 15-годишната затворска казна за поранешниот кандидат за претседател Светлата Тихановскаја, која моментално не е во земјата.

Судот во Минск на 6-ти март ги осуди лидерите на белоруската опозиција Тихановскаја и Павел Латушко, кои се надвор од земјата, на 15 односно 18 години затвор, по то Тихановскаја поднесе жалба до Врховниот суд на пресудата.

Шефот на кабинетот на Тихановскаја, Марија Мороз, опозиционерите кои учествуваа во Координативниот совет на белоруската опозиција, Олга Кобалкова и Сергеј Дилевски, кои исто така не се во Белорусија, осудени се на 12 години затвор.

Тие се обвинети за заговор за преземање на државната власт на неуставен начин, создавање екстремистичка група и нејзино раководење, јавно повикувајќи се на санкции и предизвикување омраза.

Тихановскаја дополнително беше обвинета за предавство, а Латушко за корупција.

По претседателските избори во Белорусија на 9-ти август 2020 година, на кои Александар Лукашенко победи по шести пат, во земјата се одржаа масовни протести, по кои против неколку опозициски лидери беа поведени кривични постапки, а поголем број претставници на опозицијата засолниште најдоа во странство, главно во Полска, Литванија и Украина.

Споделете