Палестинци убија 4 лица во близина на еврејска населба на окупираниот Западен Брег

Вооружени палестински напаѓачи денес отвориле оган во близина на еврејска населба на окупираниот Западен Брег, при што загинале 4 лица.
Израелската армија соопшти дека убила еден вооружен маж и дека продолжува со потрагата по друг, но палестинските власти не ги потврдија овие тврдења.
Во соопштението на израелската служба за итни случаи, било наведено дека во нападот на Палестинците се ранети уште четири лица.
На Западниот Брег, кој Палестина го смета за дел од својата територија во последните 15 месеци е забележан раст на насилството.
Во понеделникот израелските сили убиле шест Палестинци, вклучувајќи и еден тинејџер, а раниле повеќе од 90 за време на акција на Западниот Брег, која ескалирала во вооружен конфликт со Палестина, во кој биле вклучени и израелските воени хеликоптери.