09/06/2025

Најмалку 41 лице загина во жестоки немири во затвор во Хондурас

ФОТО: PBS

Најмалку 41 лице загинаа во женскиот затвор во Хондурас, изјави синоќа портпаролот на Јавното обвинителство на Хондурас, по затворскиот бунт.

Тамошните власти работат на идентификација на телата во женскиот затвор, во кој биле сместени околу 900 лица, на околу 20 километри од главниот град Тегусигалпа, додаде портпаролот Јуриј Мора, известувајќи дека дел од лицата починале од изгореници, а други пак, биле застрелани.

Тој за британските медиуми изјави дека не може во моментов да ги потврди деталите за настанот.

Делма Ордонез кој е претседател на здружението на семејства на затвореници, изјави за медиумите дека вчера во раните утрински часови во затворот избила тепачка помеѓу ривалските банди Барио 18 и Мара Салватруча.

Локалните медиуми пак, објавија дека дошло до бунт, објавувајчи и фотографии на кои се гледа како се крева црн чад од зградата на затворот.

Роднините на затворениците вчера побараа информации за нивните најблиски пред затворот.

-Барам информации за тоа што се случи со ќерка ми, но сè уште не не известија, изјави една жена за локалната телевизија.

Анонимен извор од државната болница изјави дека седум лица се примени на лекување.

Хондурас има долга историја на смртоносни инциденти во затворите, а во 2018 година во конфликт на банди во еден од нив беа убиени 18 затвореници, а повеќе од 350 лица загинаа во друг затвор во пожар во 2012 година, пренесуваат британските медиуми.

Споделете