Зеленски: Нашите трупи го уништуваат непријателот во источниот и јужниот дел на Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски доцна синоќа изјави дека украинските сили ги уништуваат руските сили во источниот и јужниот дел на Украина.
-Во овој момент нашите војници на југ и на исток активно го уништуваат непријателот, физички ја чистат Украина. Одбраната од теророт значи уништување на терористите. И ова е гаранција дека злобната држава никогаш нема да има можност да и донесе зло на Украина, нагласи Зеленски во видео порака.
Зборувајќи за конференцијата што ќе се одржи во Лондон за закрепнувањето на Украина по војната, Зеленски рече дека обновата на земјата е „гаранција за безбедноста“ и „средство за заштита од какво било повторување на руската агресија“.
Говорејќи за конференцијата што ќе се одржи во Лондон за закрепнувањето на Украина по војната, Зеленски додаде дека обновата на земјата е „гаранција за безбедноста“ и „средство за заштита од било какво повторување на руската агресија“.