08/06/2025

ВМРО-ДПМНЕ: САД им удри шамар на СДС и ДУИ со црната листа на која се наоѓа Рамиз Мерко поради криминал и корупција

Градоначалникот на Струга од ДУИ, Рамиз Мерко се најде на црната листа на Стеј Департментот бидејќи влијаел врз судските процеси и злоупотребувал фондови. Човекот кој што ја води Струга и е висок партиски функционер во ДУИ е прогласен за персона нон грата на САД. Исто така, целата фамилија на Мерко се најде на црната листа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стејт Депрартментот јасно потврди дека високите претставници кои се дел од владата на СДС и ДУИ се криминалци.

САД забележува дека владините функционери се вмешани во судската власт и диктираат пресуди.

Дополнително, забележуваат дека во Македонија нема независно и професионално судство, туку политичко влијание од страна на високи функционери кои се дел од криминалната коалиција на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години постојано реагираше на вмешаност на владата во судските процеси и партизираност и политизираност на судските органи. Речиси во сите извештаи од Стејт Департментот се забележува корупција и криминал на владини функционери.

Ова е шамар за владата на СДС и ДУИ од САД.

Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат.

Потребна е одговорност, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Споделете