09/06/2025

Украина исполнила само два од седум услови за почеток на преговорите во ЕУ

Во извештај на Европската унија оваа недела ќе биде наведено дека Украина исполнила само два од седумте услови за почеток на преговорите, рекоа доверливи извори од ЕУ, додека Европската комисија одлучи да го нагласи дека напредокот и покрај воената состојба.

Во многу симболичен потег, ЕУ го гарантира формалниот кадидатски статус на земјата пред една година – четири месеци откако Русија ја нападна земјата додека се обидуваше да ја продолжи својата интеграција со Западот.

Европската унија постави седум услови – вклучително судски реформи и крај на ендемската корупција – со цел да се започне со преговорите за пристап кон Унијата. Украина побара преговорите да започнат оваа година.

Извештајот на ЕУ е пресвртница во тој процес, за кој поддржувачите на брзиот пристап на Украина во ЕУ се надеваат дека ќе кулминира со одлуката на 27-те земји членки во декември да почнат преговори со Киев.

Двајца високи претставници на ЕУ запознаени со извештајот, кој се уште не е објавен во јавноста, изјавија дека Украина засега има исполнето само два критериуми. Еден од фукнционерите рече дека тие два критериуми се однесуваат на правната реформа и законот за медиуми и додаде дека фокусот бил на позитивните случувања.

„Има напредок. Извештајот ќе биде умерено позитивен…Не се работи за разубавување на реалноста, туку за препознавање на напредокот, на пример може да се именуваат истакнати антикорупциски случаи“, наведува изворот во изјава за западни новински агенции.

Украина реши неколку случаи на корупција на високо ниво во последните месеци, меѓу кои и затворањето на шефот на Врховниот суд поради наводен поткуп од 2,7 милиони долари.

Освен построгите напори за казнување на корупцијата, други критериуми вклучуваат реформи на украинскиот Уставен суд и полицијата, мерки против перерње пари, како и закони за спречување на олигарсите и заштита на правата на националните малцинства.

Извештајот, опишан како итно ажурирање пред поофицијална проценка во октомври, прво ќе биде испратен до 27 национални претставници в среда во Брисел, а потоа и до министрите за надворешни работи на ЕУ кога ќе се сретнат во Стокхолм в четврток.

Споделете