Нова серија воздушни напади врз Украина

Руската армија во текот на ноќта започна нова серија напади врз Украина. Експлозии одекнале во градот Запорожје, Л’вов на западот на земјата во близина на границата со Полска, а нападнат бил и главниот град Киев.
Воената администрација на Киев соопшти дека Москва започнала напад со беспилотно летало во раните утрински часови, предувајќи ги жителите да се засолнат, во објава на апликацијата Телеграм. Засега нема информации за жртви.
Администрацијата подоцна соопшти дека противвоздушната одбрана на Киев открила и уништила дваесетина беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство во „масовен воздушен напад“. Се вели дека тоа е втор напад од ваков карактер врз градот од почетокот на месецот.
Во Л’вов бил погоден и запален дел од „критичната инфраструктура“, соопшти градската воена управа, но нема повредени. Претходно, градоначалникот Андиј Садови информираше за експлозиите во Л’вов и неговата околина. Не јасно дали експлозиите дошле од ПВО или од ракетните напади.
Воздушната тревога беше објавена и во Запорожје, објавија украинските медиуми, истакнувајќи дека јужниот град бил цел на жестоки напади на руската артилерија во последните неколку денови.
-Ситуацијата во градот беше стабилна и покрај немирната и бучна ноќ, изјави подоцна на Телеграм шефот на градскиот совет, Анатолиј Куртев, додавајќи дека нема повредени ниту оштетувања на станбени згради, додека сите комунални системи работат нормално.