09/06/2025

Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ денес во Куманово организира трибина на тема „Младински политики“

Денеска, со почеток од 18:00 часот на Градскиот плоштад во општина Куманово, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Младински политики“.

Говорници на трибината ќе бидат:

Проф. д-р Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,
Драгана Бојковска, координатор на републичките комисии на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,
Петар Спасеновски, член на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Во воведниот дел на трибината ќе се разговара со Бране Петрушевски, пратеник во Собранието на Македонија и Бобан Николовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Трибината ќе се пренесува на официјалниот канал на youtube на ВМРО-ДПМНЕ и официјалниот фб профил на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Споделете