09/06/2025

Украина во текот на ноќта соборила 18 руски ракети

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни изјави денеска дека украинските сили ги собориле сите 18 проектили лансирани од руските сили во ноќешниот интензивен напад, вклучително и шест проектили Кинжал.

Tој изјави дека руските сили ја нападнале Украина од север, југ и исток со 18 ракети од различен тип од воздух, море и копно. Според него, Русија истрелала шест ракети Кинжал од авиони МиГ-31К, девет крстаречки ракети Калибар од бродови во Црното Море и три ракети Искандер од копно.

Споделете