08/06/2025

Претседателот Пендаровски го одби барањето на Катица Јанева за помилување

Барањето на за помилување на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева било одбиено од претесдателот на државата Стево Пендаровски. Од Кабинетот на претседателот посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување.

– Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и комисијата за помилување, која е советодавно работно тело во Кабинетот на претседателот, даде негативно мислење по барањето, наведуваат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Комисијата за помилување е советодавно тело на претседателот кое листата со предлози за помилување ја доставува до претседателот, кој пак ги потпишува решенијата за помилување.

Поранешната обвинителка е осудена на седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службена положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет.“

Споделете