09/06/2025

Стоматолозите денес бираат нов претседател – Дали изборот ќе биде демократски или пак нелегитимен?!

На петти април 2023 година започна изборниот процес за избор на делегати, претседател и работни тела на Стоматолошката комора на Македонија.

Од почетокот стоматолозите се пожалија на нетранспарентност, самоволие, неправилности и прекршување на повеќе процедури кои ќе го направат изборот нелегитимен и оспорлив.

Актуелниот претседател на комората и кандидат за повторен избор Маријан Денкоски, кој повеќе години е дел од комората, во март си донел нов Статут на комората, по негов терк кој е дискриминирачки по повеќе основи и за многу стоматолози.

Од комората се исклучени сите кои сакаат искрено да работат и придонесуваат за фелата, од причина, како што велат, што се неистомисленици на актуелниот претседател на комората, а избирачките списоци се преполовени со што им е одземено правото на глас на многу членови.

Централната изборна комисија на Стоматолошката комора која го спроведува изборниот процес во моментов носи репенија кои се спротивни на актите на комората и на штета на демократски изразената волја на гласачите.

Еден од таквите примери е Тетово, каде се бираат 5 делегати од тој регион, каде последното петто место го делат два делегати со ист број на гласови 35. По правило влегува оној код од двајцата има подолг стаж. Истиот тој поднесува оставка и наместо да влезе вториот кој има ист број гласови 35, ЦИК на СКМ од непознати причини носи одлука да влезе следниот делегат со само 21 глас.

Воедно на web страната на комората се објавени официјални резултати од изборите, каде во регионот Куманово на избори излегле 48 гласачи, а за Денковски кој воедно е и актуелен претседател гласале 55!?


За сите овие нерегуларности во текот на целиот изборен процес поднесени се преставки од страна на стоматолози до Управниот суд.

Вакви слични ситуации имало и во другите региони.

Воедно на веб страната на комората се објавени официјални резултати од изборите, каде во Куманово на избори излегле 48 гласачи, а за Денковски гласале 55!?

Изминативе години, во повеќе наврати, дел од здруженијата на приватни стоматолози, ја запознаа јавноста за злоупотреби од страна на актуелното раководство и претседателот на комората, во делот на јавните овластувања и злоупотреба на службена положба во делот на континуирана едукација во стоматологијата и организирање настани од неакредитирани здруженија, ред други малверзации во работењето, како и судир на интереси на актуалниот претседател на комората, за што ДКСК има два предмети и на својата 82 седница одржана на 14.02.2023 година го повукува Министерството за здравство и ДСЗИ, да реагира и да даде одговор за претставката поднесена до нив.

Актуелен претседател на комората и кандидат за следен мандат, заедно со централаната изборна комисија продолжуваат и во следните фази на изборниот процес да спроведуваат нетранспарентни избори спротивни на демократските принципи.

Стоматолозите и дел од стоматолошките здруженија бараат активно вклучување на медиумите, како и надлежните институции, за да се стави крај на злоупотребата и нерегуларностите, како и да се спречи изборен фалсификат од кој ќе произлезе нелегитимен претседател и раководство на Стоматолошката комора.

Споделете