Во Иран егзекутирани две лица осудени за богохулство

Светските агенции јавија дека Иран егзекутирал две лица кои биле осудени на смрт за богохулство, повикувајќи се на иранската веб-страница за судски вести Мизан.
Во информацијата се наведува дека Јусеф Мехрдад и Садрола Фазели Заре направиле кривични дела како, богохулство, навреда на исламот, пророкот итн.
Од американската Комисија за меѓународна верска слобода, велат дека тие биле уапсени во мај 2020 година за учество на канал на Телеграм наречен „Критика на суеверието и религијата“.
Двајцата мажи биле држени во самица со месеци и не им било дозволено да стапат во контакт со нивните семејства, според комисијата.