09/06/2025

Масакар пред трговски центар во Тексас: 8 лица загинати, а 7 се повредени

Осум лица загинаа, а седум се повредени кога напаѓач отворил оган пред трговски центар во близина на Далас, во американската сојузна држава Тексас, соопштија локалните власти.

Во нападот се ранити седум лица, од кои тројца се во критична состојба. Полицаец кој случајно се нашол во близина го убил напаѓачот.

Нападот се случил во саботата околу 15:30 часот по локално време во градот Ален, околу 40 километри северно од центарот на Далас. Очевидци тврдат дека меѓу жртвите имало и деца.

Масовните убиства се случуваат со голема фреквенција во САД оваа година и во просек околу бројката изнесува околу едно неделно, според анализата на АП/ЈУ-ЕС-ЕЈ-ТУДЕЈ. Само оваа година во САД има 198 загинати лица во масовни убиства.

Сојузната држава тексас им дозволува на своите жители легално да носат оружје без дозвола или обука. Минатиот август, федерален судија го укина законот во Тексас со кој се зголеми старосната граница за носење пиштол од 18 на 21 година.

Споделете