Ред Бул на чело со Макс Верстапен најбрз на ГН на САД

Актуелниот Формула 1 шампион, Макс Верстапен е победник на петтата трка од календарот која се возеше за Големата награда на Мајами.
Холанѓанецот тргна од деветтата позиција, но тоа не беше никаква пречка да извози беспрекорно и да ги остави зад себе ривалите и да дојде до третата победа во сезоната, односно на вкупно 38 во кариерата.
Доминацијата, Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој заврши како втор, додека одново на подиумот се најде ветеранот Фернандо Алонсо. Ова за Шпанецот беше четврти победнички пиедестал, односно подобар од него кога е во прашање овој учинот е само Верстапен со пет подиуми.
Останатите кои завршија во бодови се Џорџ Расел, Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Чарлс Леклер, Пјер Гасли, Естебан Окон и Кевин Магнусен.