08/06/2025

Прогласена вонредна состојба во Италија поради зголемениот број на мигранти

Владата во Италија прогласи шестмесечна вонредна состојба со цел да се справи со зголемениот број на мигранти кои пристигнуваат на јужните брегови на земјата.

Државната телевизија објави дека се очекува да биде назначен специјален комесар за овие прашања.

Радио Слободна Европа јавува дека владата на премиерката Џорџа Малони одобрила финансирање од пет милиони евра за таа намена.

Владата соопшти дека донесувањето на вонредната состојба била неопходна со цел итно спроведување на вонредни мерки за намалување на приливот на бегалци кои пристигнуваат на островот Лампедуза.

Претходните влади, како и сегашната, главно неуспешно се обидуваа да добијат поддршка и поголема солидарност за прифаќање бегалци од другите земји на Европската Унија.

Во Италија од почетокот на годинава пристигнале над 30 илјади мигранти. Тие биле спасени во Средоземното Море од локалните власти или хуманитарни бродови. Тоа е речиси четири пати повеќе во споредба со претходните две години во истиот периот, кога во просек пристигнувале по околу осум илјади мигранти.

Најголемиот број на мигранти доаѓаат од западниот брег на Либија, а во последно време и од Тунис.

Споделете