08/06/2025

ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ГО ТРЕСЕ КВАНТАШКИ ПАЗАР – се вршат контроли на увозниците на овошје и зеленчук

Во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место на Кванташки пазар во Скопје. На терен се над 30 инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

Во интервју за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски изјави дека се контролира почитувањето на одлуката на владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 проценти од количествата што ги испорачале во јануари и февруари. Тој додаде дека се вршат конроли и кај сите други субјекти на Кванташки пазар за регистрирана и нерегистрирана дејност.

Како што најави Трајковски, акцијата ќе трае во текот на целиот ден, по што ДПИ ќе излезе со информација за исходот од акцијата.

Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.

Споделете